Компанија

Додадена вредност - преку стратешка специјализација.

Ние се фокусираме на специјализирани состојки и додатоци во индустријата за производство на храна и фармација и сме посветени на откривање на нови, иновативни апликации за истите уште од 1945. година. Тоа е стратегија која се исплати. Со седиште во Риед, Австрија, и со 21 подружници, КУК е сега еден од најпознатите добавувачи во Централна и Источна Европа во овие сектори. Наша цел е да делуваме како врска помеѓу интернационално познатите добавувачи на одбрани состојки, и производителите на храна и фармација кои се придржуваат до највисоките стандарди за квалитет. На лице место, на локален јазик, и со поддршка од тим на експерти за пронаоѓање на решенија.

 

ФИЛОЗОФИЈА

Додадена вредност - со нашиот неконвенционален пристап.

КУК: три букви со единствена цел. Да се биде врската што додава вредност. Помеѓу експертите за состојки и за развој на нови производи и барањата на крајните потрошувачи. Кој и да е нашата цел, секогаш ја имаме на ум поголемата слика. Ние поставуваме прашања. Ние истражуваме. И ја прилагодуваме нашата експертиза кон потребите на нашите клиенти- се додека не го пронајдеме перфектниот рецепт. Што поуникатна е задачата, поиновативен ќе биде и нашиот пристап- истовремено сме неконвенционално флексибилени и исклучиво ориентирани кон иднината.

ИСТОРИЈА

Додадена вредност - со нашата пионерска визија.

Ние ги слушаме потребите на пазарот, што значи ние сме веќе таму, креираме трендови, кога другите се сеуште на почеток. КУК основачи- Krist, Ulrich и Kössl- започнале со предизвикување на искра и возбуда на пост-воениот пазар со лансирањето на вештачки мед. Компанијата потоа ги зацврсти темелите за понатамошен успех со започнувањето на производство на пектин.

>> повеќе

1950

Нов визионер се приклучува кон тимот: Herbert Karsch го развива бизнисот со пектин и го забележува потенцијалот за бизнис – променувајќи го фокусот на компанијата од производство во стратешки критичен момент.Компанијата започнува со користење на својата експертиза во трговија со суровини во прехранбената индустрија.

1984

Anton Kirchtag доаѓа на сцена. Во наредните неколку години, тој реагира на отварањето на пазарот во Источна Европа преку интернационализација на бизнисот- и е еден чекор понапред кон растечкиот тренд за големи дистрибутивни мрежи. Под негово водство, КУК престанува да размислува за земји и започнува да размислува за региони- тоа е КУК-ализација.

1990

Со 25 успешни претставништва, КУК е сега еден од водечките дистрибутери во Австрија.Во 1993. година, компанијата влегува на пазарот во Унгарија и се етаблира како интернационална компанија која тргува надвор од границите на Австрија.Тогаш во 1994. година, се отвара првата подружница KUK-Bohemia во Прага.Со тоа започнува раширувањето на нашите спремни,експертски тимови низ Источно-Европскиот пазар.

1995

Anton Kirchtag уште еднаш станува пионер со тоа што го идентификуваат новиот тренд за “функционална храна” . Го проширува портфолиото на компанијата со вклучување на нутриционистички и фармацефтски суровини- област во која КУК во моментов е водечки дистрибутер. До 2001.година, компанијата има подружници во Чешка, Унгарија, Словенија, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска и Словачка.

2007

До овој момент, КУК се зацврстува на четирите најголеми пазари на Централна и Источна Европа- Германија, Полска, Украина и Русија- како и Казакстан. Katrin Kirchtag се приклучува на компанијата во 2010.година и ја води КУК во дигиталната ера, обезбедувајќи и ја иднината во Европа.

2014

КУК отвара подружници во Албанија и Македонија, плус тест кујни во сите КУК претставништва.

2016

КУК прави уште еден чекор: нови Апликативни Центри во Győr, Унгарија, и Киев, Украина, кои и овозможуваат на компанијата да ја надогради постоечката експертиза во специјално опремени лаборатории, и да го подобри нивото на услуги за потрошувачите и добавувачите. Нова врвна технологија и опрема која и овозможува на фирмата да симулира покомплексни, технички предизвици во производствените процеси и да развива решенија што комплетно одговараат на потребите на клиентите.Истражување, иновација и претприемнички дух се клучните елементи на визијата на компанијата.

2019

КУК и понатаму ја зајакнува својата позиција на пазарот со отварање нови подружници во Балтичките земји, Грузија и Грција, како и сосема нов центар за апликација на производи и обуки во Гер, Унгарија. Со повеќе од 900 метри квадратни, новиот објект нуди и поширок обем на врвна опрема и доволно простор за средби, размена на идеи и развој на соодветни решенија.

2020

КУК ја зголемува својата географска распределеност на исток со отварање подружница во Киргистан и прави значителен чекор напред, кон Западна Европа со отварање подружница во Белгија, покривајќи го пазарот во Белгија, Холандија и Луксембург.

ТИМ

Додадена вредност - преку контакти на кои можете да сметате.

Нашите вработени се лицето на нашата компанија. И секој посебно е 100% посветен на користење на нашата цврста, флексибилна хиерархија во ваша корист- каде и да сте сместени и на ваш локален јазик. Затоа културолошката различност е интегрален дел од нашата корпоративна култура. Тоа поттикнува креативност, ги охрабрува индивидуите да преземат иницијатива, и ни ги отвара очите за специфични локални потреби,што за возврат овозможува инспирација за иновативни нови производи за други пазари. Што ги издвојува членовите на тимот на КУК? Нивниот капацитет да размислуваат отворено. Не можноста да одбијат предизвик. И спремност да преземат комплетна одговорност.

РАБОТИ

Додадена вредност - со работно место како ниедно друго.

Нови пазари, нови можности... Не само за компании во раст, туку исто така и за нови лица. Можеби би сакале да имате корист и вие? Кажете ни зошто би сакале да се приклучите на КУК тимот- без разлика дали е кај нас во канцеларија, работејќи одблиску со клиенти и добавувачи, или како технолог за храна во нивните лаборатории. Инспирирајте не со вашата лична приказна и покажете ни колку сте страствени за креирање на иновативни решенија. Натерајте не да посакаме да откриеме повеќе. Испратете ја вашата апликација наjobs@kuk.com.

ЗА НАШИТЕ КЛИЕНТИ

Додадена вредност - преку сеопфатна поддршка и совет.

Високо развиените и сектори со големи побарувања како што се индустриите за храна и фармација во голема мера соработуваат со оние кои развиваат производи, и се соочуваат со огромни предизвици. Крајните производи стануваат се покомплексни, а производните циклуси стануваат пократки. За оние кои развиваат производи, ова значи одговор на подобар и побрз начин. Така повикот за партнери кои ќе им дадат поддршка станува се поголем. Ние го слушнавме овој повик- и одговоривме на него. Нашата комплетна и брза консултација стига до сржта на потребите на компаниите и им дава поддршка во целиот процес. Тоа е додадена корист што нашите верни клиенти ја знаат и ја почитуваат.

ЗА НАШИТЕ ДОБАВУВАЧИ

Додадена вредност - како ваш локален outsourcing партнер.

Нови пазари се отвараат насекаде во целиот свет. Ова значи дека вратите на многу реномирани компании се сега отворени за високо квалитетни добавувачи. Овие компании не очекуваат само високо квалитетни суровини - тие сакаат исклучителна поддршка на лице место. За производителите на суровини со различен обем на производи, ова претставува истовремено шанса и предизвик. Тоа што ви треба е флексибилна, експертска сила за продажба што може да ви ја испорача оваа поддршка локално, работејќи одблиску со вас. На овој начин КУК ја гледа својата улога како outsourcing партнер во Централна и Источна Европа. Како врска помеѓу производителите и клиентите, нашите 80+ прехранбени технолози се чуствуваат како дома на двете страни- во истражувачките лаборатории од нашите добавувачи и лабораториите за развивање на нови производи на нашите клиенти. Вредноста што ја додаваме? Непречен трансфер на знаење помеѓу нив, што овозможува најновите откритија да бидат вклучени во развојот на уникатни производи. Тоа е само уште една причина зошто добавувачите ни веруваат дека ќе им го прошириме бизнисот на исток, користејќи ја нашата проширена мрежа за продажба.Поради долгогодишната соработка со клиентите, знаеме дека вратите навистина ќе останат секогаш широко отворени за нас.

ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ КУЈНИ

Додадена вредност - со нашите иновативни тест кујни.

Ние ги запознаваме високо квалитетните производи на нашите добавувачи во нивните сопствени лаборатории.Но во нашите тест кујни нашите 80+ прехранбени технолози го прошируваат знаењето, пробуваат нови рецепти, и прават примероци во мали шаржи. Тоа е услуга што нашите клиенти ја чекаат со раширени раце- затоа што тоа помага да бидат сигурни во одличниот квалитет на производите пред да го започнат сопственото производство. Овој модел е веќе спроведен во 21 земји, со тест лаборатории и производство на примероци што додаваат дополнителна вредност за нашите добавувачи и клиенти.

ДОБАВУВАЧИ

Додадена вредност - преку високо специјализирани добавувачи.

Нашите добавувачи се клучен дел за нашата можност да додадеме вредност. Во согласност со строгите стандарди за сигурност и квалитет, тие развиваат нови состојки во нивните лаборатории што ни овозможуваат да создадеме иновативни производи со висок квалитет во соработка со нашите клиенти. Кога добавувач ќе одлучи да ни даде можност за комерцијално застапување во Источна Европа, тие добиваат уште поголема додадена вредност: пристап до повеќе од 10.000 клиенти во Централна и Источна Европа. Но таква одлука мора да се сфати сериозно. Мора да е пропратена со блиска консултација со нашите прехранбени технолози во лабораториите на добавувачите. Нашите добавувачи уживаат во спокојот што доаѓа од сознанието дека нивните високо квалитетни ингредиенти се во добри раце. Тие придобиваат од нашите воспоставени мрежи на исток, кои опфаќаат повеќе земји, со целосна дистрибутивна и логистичка поддршка овозможена од КУК.

>> повеќе

ОСНОВНИ СОСТОЈКИ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Додадена вредност - со селектирани суровини за храна.

Со фокус на специјализирани ингредиенти и состојки за храна, ние нудиме широко портфолио на високо квалитетни производи- плус повеќе од 80 технолози за храна кои можат да ви пружат услуга и експертски совет.

>> повеќе

СКРОБОВИ

Модифицирани и функционални природни скробови, емулгатори и скробови кои заменуваат маснотии

ХИДРОКОЛОИДИ

Карагенан, алгинати,ксантан гума,локуст бим гума,гуар гума, пектин,желатин,агар агар,гума арабика,целулозна гума, МСС и неговите функционални блендови

ИНГРЕДИЕНТИ ОД МЛЕЧНИ ДЕРИВАТИ

Казеинати,состојки базирани на сурутка, топинзи, создавачи на пена, фракции на путер

МЛЕЧНИ КУЛТУРИ

култури за млеко и сирење, ренет

ЧОКОЛАДНИ ПРОИЗВОДИ

Какао во прав, какао маса и какао путер, индустриски чоколада и полнежи, какао производи, чоколадни производи за декорација и инклузии

РАСТИТЕЛНИ МАСТИ

Масти во прав и снегулки,производи базирани на палмина маст (CBE, CBS, CBR, CBI,shortenings) и други растителни маснотии

БОИ И ВКУСОВИ

Природни бои за храна,карамел бои,ванилин,солени и благи ароми,зачини,сирење во прав,квасец и екстракти од квасец,чај и екстракти од кафе

ПРОИЗВОДИ ОД ЈАЈЦА

Кристализирани и сушени белки во прав,жолчки и цели јајца во прав

ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Замрзнати- и сушени овошја,зеленчук,печурки,месо и риба,овошје- и зеленчук во прав, пире од овошје, легуминозни брашна, билки и зачини

ПОЛУГОТОВИ ПРОИЗВОДИ

Житарки и нивни мешавини, корнфлекс,производи од соја,двопек во повеќе форми, житарки за бебиња, хидролизирани брашна

ЗАСЛАДУВАЧИ И ШЕЌЕРИ

Аспартам,ацесулфам К,стевиа,ксилитол,лактитол,фруктоза,специјализирани производи од шеќер,сукролоза,шеќер во прав, фондан во прав

ФУНКЦИОНАЛНИ ПРОТЕИНИ

Растителни протеини- соја протеин, протеин од грашок,протеини од сончоглед,легуминозни протеини, животински протеини- колаген,месен протеин,плазма протеин, протеин од кожа

ЕМУЛГАТОРИ

Моно и диглицериди, датем,lactem, citrem, acetem, PGE, PGPR, SSL, лецитин

АНТИОКСИДАНТИ

Токофероли,аскорбил палмитат,екстракт од рузмарин, екстракт од зелен чај

ДРУГИ

презла, (инстант)ориз и оризово брашно,малт екстракт во прав и течен и брашна, фосфати,ензими,калиум сорбат,марципан,агенси за глазирање,полирање и сјај на кондиторски производи,бетаин

НУТРА & ФАРМАЦИЈА

Додадена вредност - со селектирани нутра и фармација.

Со фокус на специјализирани диететски и фармацефтски суровини, ние нудиме широко портфолио на високо квалитетни производи- плус повеќе од 80 технолози да ви пружат услуга и експертски совет.

>> повеќе

ЕКСПИЦИНЦИ (Цврсти)

лактоза за гранулирање, лактоза за директна компресија, формулации за филм обложување таблети, средства за дезинтеграција,лубриканти (стеаринска киселина, магнезиум стеарат, глицерол бибенат), фармацевтски скроб, изомалт од фармацевтска индустрија, калциум карбонати, фармацевтски желатини, ксантан

ЕКСЦИПИЕНТИ(ТЕЧНИ)

полисорбати, сорбитански естри, макрогол стеарати, триглицериди со среден ланец, емулгатори и згуснувачи за локални апликации, додатоци средства за вакцини

ДИЕТЕТСКИ ВЛАКНА

инулин, течна олигофруктоза, влакна од грашок, галакто-олигосахариди (ГОС), термостабилни скробови

ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ

Витамин К2, витамин Д3, високо-биорасположив цинк-комплекс, блендови со витамини и минерали, различни соли на калциум и магнезиум

ПРОБИОТИЦИ

пробиотски култури, блендови и готови производи

ПРОИЗВОДИ ЗА ЗДРАВИ ЗГЛОБОВИ

глукозамин, хондроитин, природен колаген тип II, екстракт од петелски чешел богат со хијалуронска киселина, хидролизиран колаген / колаген пептиди

ПРОИЗВОДИ ЗА ЗДРАВИ КОСКИ

Витамин К2, витамин Д3, калцифицирани алги од Атлантикот, различни соли на калциум и магнезиум, хидролизиран колаген / колаген пептиди

ПРОИЗВОДИ ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНО ЗДРАВЈЕ

Природно концентрирани омега-3 масла, омега-3 масни киселини во формат на масло и прав, витамин К2.

ПРОИЗВОДИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТ

Лактоферин, колострум, витамин Д, екстракт од ариш / арабиногалактани

ДОДАТОЦИ ЗА СПОРТИСТИ

Л-карнитин, конјугирана линолеинска киселина, комплекс за поддршка на ЗМА минерали, хидролизиран колаген / колаген пептиди, протеин од сурутка, казеинати, растителни протеини

УБАВИНА ОД ВНАТРЕ

Фито-церамиди, масло од семе од коријандер за чувствителна кожа, екстракт од петелски чешел богат со хијалуронска киселина, хидролизиран колаген / колаген пептиди, екстракт од кавијар

КОНТАКТ

Додадена вредност - со тим кој брзо реагира.

Дали го разбудивме Вашиот интерес? Дали имате прашања и сакате брз одговор? Едноставно стапете во контакт со вашата локална КУК канцеларија или слободно контактирајте го нашето седиште. Вредноста што ја додаваме? Секогаш одговараме во рок не подолг од 24 часа. И кога некој од нашите соработници ќе ве исконтактира, можете да им верувате на зборот.

ЛОКАЦИИ

Додадена вредност - на ваше тло, на локален јазик.

Ние ја нудиме флексибилноста на мала фирма и сигурноста на реномирана компанија. Така успешно го надградуваме нашето присуство во 30 земја.Работењето со КУК значи разговор со вистинската личност која го разбира вашиот бизнис.Ние овозможуваме поддршка на местото каде се наоѓате, на располагање сме за краток период на време- со посветеност и амбиција да го решиме секој ваш проблем. Ниедна пречка не е толку мала за да биде решена на иновативен начин. Вредноста што ја додаваме? Близината до вас и сеопфатната консултација однапред.

Претставништва

KUK-Handels GmbH
Auleiten 4
4910 Ried im Innkreis
Телефон +43 77 52 858 05
Факс +43 77 52 858 05 – 20
Емаил office@kuk.com

Северна Македонија

КУК – Македонија д.о.о.е.л.
bul. Ilinden 105/3-4
1000 Скопје
Телефон +389 2 311 80 82
Факс +389 2 312 01 48

Австрија

KUK-Austria GmbH
Auleiten 4
4910 Ried im Innkreis
Телефон +43 77 52 858 05
Факс +43 77 52 858 05 – 20

Албанија

KUK-Albania sh.p.k.
Autostrada Tirane-Durres KM7
1051 Kashar-Tirane
Телефон +355 4 4803429
Факс +355 4 4803429

Белгија, Холандија, Луксембург

KUK-Benelux bv
Philipssite 5/ bus 1
3001 Leuven
Телефон +32 16 79 21 55
Факс

Бугарија

KUK-Bulgaria Ltd.
Georgi Benev Str. 3
4027 Plovdiv
Телефон +359 32 946 760
Факс +359 32 967 558

Германија

KUK-Deutschland GmbH
Falltorstrasse 8
76669 Bad Schönborn
Телефон +49 7253 93 49 08 - 0
Факс +49 7253 93 49 08 - 9

Грција

KUK Hellas I.K.E.
183, Siggrou Ave. & Sardeon 1,
17121 Nea Smyrni, Athens
Телефон +30 210 933 96 12
Факс +30 210 933 96 43

Казакстан

ТОО «KUK-Kazakhstan» («КУК-Казахстан»)
улица Жарокова 358A
050045 Алматы
Телефон +7 701 220 08 61
Факс +7 701 220 08 61

Киргистан

KUK-KG Ltd.
9 office, 54 A, Maldybaieva
720020 Bishkek
Телефон +996 552 088 884
Факс -

Литванија, Латвија, Естонија

KUK-Baltics UAB
Žalgirio str. 88
09303 Vilnius
Телефон +370 5 277 89 45
Факс

Полска

KUK-Polska Sp. z o.o.
ul. Wierzbięcice 49/5
61-547 Poznań
Телефон +48 61 639 77 02
Факс

Романија, Молдавија

KUK-Romania S.R.L.
Str. Pipera Tunari 61
077190 Voluntari, Jud. Ilfov
Телефон +40 2131 044 65
Факс +40 2131 044 69

Русија

КУК-Раша ООО
ул. 3-я Хорошевская, 18, корп. 2
123298 Москва
Телефон +7 495 225 45 81
Факс

Словачка

KUK-Slovakia, s.r.o.
Zvolenská 32
821 09 Bratislava
Телефон +421 905 609 643
Факс +421 2 5810 3412

Словенија

KUK d.o.o. - Slovenia
Parmova ulica 53
1000 Ljubljana
Телефон +386 1 436 42 92
Факс +386 1 436 42 93

Србија, Црна Гора

КУК – Србија д.о.о.
Bulevar Arsenija Čarnojevića 66
11 070 Београд
Телефон +381 11 3089 950
Факс +381 11 3089 970

Украина

ТОВ "КУК-Україна"
вул. Красилівська, 11
03040 м. Київ
Телефон +380 44 459 31 55
Факс +380 44 459 31 56

Унгарија

KUK-Hungaria Kft.
Wesselényi utca 8.
9024 Györ
Телефон +36 96 511 780
Факс +36 96 511 789

Хрватска, Босна и Херцеговина

KUK-Adriatic d.o.o.
Rudeska 160B
10000 Zagreb
Телефон +385 1 3866 014
Факс +385 1 3886 164

Чешка

KUK-Bohemia, spol. s r.o.
Vinohradská 90
130 00 Praha 3
Телефон +420 271 730 262
Факс +420 272 191 616

Џорџија

KUK-Georgia LLC
Kamani St. 10, Floor 1, Apt. 101
0186 T'bilisi
Телефон +995 32 290 7669
Факс +995 32 290 7669